Во Софија и други бугарски градови изминатиот викенд се одржаа протести против новата бугарска влада. Демонстрациите беа предизвикани од спорно политичко решение на бугарскиот парламент.
Во Бугарија, три дена илјадници луѓе демонстрираа против новата влада и бараа оставка на премиерот Пламен Орешарски. Во главниот град Софија, според полицијата, на протестите учествувале 15.000 демонстранти. Тие се движеа во центарот на градот, и пред седиштето на владата извикувајќи „Оставка“ и „Мафија“. Исто така и во други бугарски градови демонстрираа противницте на владата.
По парламентарните избори во Бугарија на средината на мај, Орешарски ја предводи владината коалиција од социјалистите и Партијата на турското малцинство. Премиерот на демонстрантите им понуди дијалог, но отфрли оставка, за да се избегне дестабилизација на земјата.
Демонстрациите почнаа во петокот откако парламентот го избра синот на еден влијателен претприемач за шеф на бугарската Државна агенција за национална безбедност (ДАНС). Пратеникот од редовите на Партијата на турското малцинство Делјан Пеевски меѓутоа воопшто немал искуство во оваа област. Тој во саботата поднесе оставка. Семејство на Пеевски имено управува со мрежа од дневни весници и телевизиски канали. Неговото именување на чело на безбедносните служби, противниците и демонстрантите го сметаат за еклатантен пример на судир на интереси.
Дојче веле